Улога и одржување на косата

Палтото на кучето, составено од коса или крзно, е негов штит од студ во зимскиот период и од УВ зраци во лето. Целосната тежина на палтото изнесува помеѓу 15% и 25% од целокупната тежина на кучето. Добро расчетканото и одржувано палто е од суштинско значење за здравјето и добробитот на кучето. Неверојатно погрешно е правилото дека во ладните периоди кучето треба да има долга коса и покрај тутките кои ја изложуваат кожата на директен допир со ладните воздушни струи. Доколку е стуткана, косата не ја врши својата функција на заштита туку напротив, кучето со лошо негувано долго влакно е изложено во поголема мера на студ од куче со добро расчеткано пократко влакно. Во летниот период пак мислењето дека е подобро максимално да се скрати косата иако кратка коса ја изложува кожата на директно штетно влијание на сонцето. Познавањето на составот на неговото палто е исто така важно за да можете да го дотерувате Вашиот убавко што е можно подобро. За среќа, неколку демонстрации во груминг салонот ТУТУ се наменети за почетници и ќе Ви помогнат да го направите ова правилно.

Негувачкиот аспект
Влакното може да предизвика вистински проблеми доколку не се четка и чешла редовно и долните влакна ќе создаваат јазли кои тешко или пак воопшто не се расплекуваат механички. Тие се познати како „суканици“ или „тутки“. Претежно се формираат во деловите каде кожата се преклопува во набори и каде пристапноста на четкањето е најтешка како во задниот дел од ушите, образите, под вратот, пазувите, артикулациите, коренот на опашката и сигурно ќе мора итно да прибегнете кон кратко стрижење доколку Вашето куче се најде во оваа ситуација. За жал, многу често некои сопственици на кучиња со коса поради презафатеност или неинформираност избегнуваат два, три дури и повеќе месеци да го вршат редовниот месечен фризерски третман (во груминг салон или дома како што видовме во артиклот ТУТУ насловен Зошто фризерскиот третман на вашето куче е толку важен ?) врз своето куче а и секојдневното одржување не е темелно ниту секојдневно. Резултатот на ова запоставување е неизбежен и негативен врз времето, добробитот на кучето, неговиот изглед, среќа како и врз семејниот буџет. Ризикот на создавање на рани и надразнување на кожата при елиминирање на длабока тутка е реален и најчесто во нив се кријат надворешните паразити кои се опасни по Вашето здравје и тоа на најблиските. После таков зафат треба да се внимава на нежноста на кожата и надворешните влијанија врз неа. Адаптирана крема а понекогаш и ветеринарна терапија ќе ги ублажи последиците но добросостојбата на кучето, Вашето внимание и буџет ќе бидат непотребно изложени на стрес. За да не се доведе кучето во оваа ситуација, тоа треба длабинско, целосно и секојдневно да се четка со адаптирани четки, чешли и расплеткувачи посебно во овие приоритетни делови за разлика од неприоритетните како што се грбот и ребрата. Фризерскиот салон за кучиња груминг ТУТУ користи професионална колекција на природни расплеткувачи, алатки, шампони и кондиционери и неговиот стручен персонал ќе Ви ги покаже добрите гестови директно врз Вашето куче бидејќи сте добредојдени во нашите салони за време на целиот третман на Вашиот убавец.

Здравствениот аспект
Не е тајна дека крзното на кучето е показател за здравјето. Затоа, станува од суштинско значење добро да се одржува со негово дотерување. Но, не само! Добрата исхрана води кон одржување на сјајот на капутот на кучето. Преку неговиот аспект го следите здравјето на Вашето куче. Затоа што доколку палтото е суво, стуткано, усукано, бледо и ретко, тогаш постои причина за загриженост. Исто така валканоста и присуството на боцки во косата дополнително го помагаат создавањето на тутките. Вашата најдобра опција е да го однесете вашето куче на фризер за кучиња.

Откако видовме зошто неговата фризерска нега е толку важна, сега ќе ги разгледаме различните видови на коса и крзно според расата на кучето така и ризикот од заплеткување и стуткување на влакното е различен.

Долга и свиленкаста коса
Овие раси се лишени од подвлакно со изобилни, фини и мазни горни влакна. Овој вид палто наликува многу повеќе на човечката коса отколку на кучешкото двојно крзно.

Нега на долгата и свиленкаста коса : јазлите се чести посебно доколку грижата не е секојдневна а некои единки се четкаат и чешлаат двапати дневно посебно доколку влакното е долго и густо. Капењето е исто така дел од груминг негата и треба да биде извршено неколку пати во текот на месецот. Оваа коса се наоѓа кај Малтезери, Бишони Фризе, Котон де Тулеар, Априкот пудлици, Јоркширски териери и други салонски раси на кучиња кои не се митарат и се познати како антиалергени. Нивната коса треба да се шиша релативно често односно од еден месец до два месеци максимум. Доколку се појават длабоки тутки залепени со кожата, треба да се избричат за да се елиминира од корен секое понатамошно засукување на косата на тоа место и да се расчешлува новото здраво влакно. Напоменуваме да се избегнува насилно расчешлување и болно депилирање со скубење кое додатно ќе го повреди кучето и ќе му создаде страв од самиот чин на негување а механичкото расплеткување на суканицата во допир со кожата е невозможно. Косата се крати со ножици и со електрична машинка за шишање според правилата за расата но и според состојбата и квалитетот на косата на кучето. Во груминг салонот ТУТУ се внимава посебно на физиономијата на кучето бидејќи секоја единка е различна, а се зема во предвид и желбата на сопственикот.

Кратко и двојно крзно
Има волнено, обилно, многу густо подвлакно со кратки, мазни горни влакна. Го имаат германските овчари, лабрадори, хаски и други сибирски раси кои се митарат.

Нега на краткото двојно крзно : не постои ризик од јазли доколку влакното е чисто и здраво, а митарењето се случува за време на промената на годишните времиња во пролет и есен. Во тој период интензивно четкање на крзното во домашни услови или фризерски груминг салон и понекогаш обликување со ножици. Напоменуваме дека кучињата кои постојано се чуваат во домот (најчесто во стан во Скопје) и поголемиот дел од денот се изложени на амбиентална температура во климатизирана околина, појавуваат почести периоди на митарење но со различен, најчесто поблаг итензитет.

Долго и двојно крзно
Подвлакното е многу густо, а горните влакна се повеќе или помалку долги, мазни и сјајни. Се наоѓа, на пример, кај бордер коли, австралиските или белгиските овчари. Постои мал ризик од заплеткување на крзното на пазувите, гаќичките и опашката. Долгите влакна паѓаат цела година, со интензивирање во пролет и есен.

Нега на двојното крзно : неделно четкање е препорачано. Капењето може да се прави еднаш во два месеци со шампон за отплеткување. Шишањето треба да се направи со ножици.

Значи, според видот на палтото и влакното на Вашето куче, груминг негата е посебна како што е посебна секоја љубов !