Палтото на кучето служи како природна заштита на кожата од надворешните влијанија (високи или ниски температури, физички или хемиски контакти) но и при регулирацијата на загубата на вода од телото и во рамнотежата на телесната температура. Зависно од расата на кучето, палтото е составено од крзно или пак од коса. Одредени салонски раси као бишоните фризе или малтезер, хаванезер, јоркширски териер, пудлици … се познати како хипоалергени бидејќи кожата им е покриена со коса чиј состав и карактеристики се поблиски до човечката коса отколку до кучешкото крзно. Таа ги има сите предности и недостатоци на човечката коса посебно потребата од секојдневна грижа. Кучешкото палто со коса лесно се усукува и тутка при недостаток на секојдневно чешлање, влакното цвета доколку не се крати на еден до два месеци максимум, косата се вмастува доколку не се капе редовно и кожата се суши и првути. Влакното на палтото со коса е нежно, лесно се крши и заболува, но не се митари и обновува двапати годишно како кучешкото крзно но и не е преносител на кучешките алергени.
Доброто груминг одржување на палтото директно влијае на благосостојбата и здравјето на Вашето куче (прочитајте повеќе на оваа тема во ТУТУ артиклот Се прашувате зошто фризерскиот третман на Вашето куче е толку важен ?). Тежината на целосното палто кај возрасно куче изнесува 15% од неговата целосна тежина и дури 25% кај малото кутре со што секоја трансформација, добра или лоша, има значајно влијание врз неговата благосостојба.
Фризерскиот салон груминг ТУТУ постои за да Ви помогне во правилното здраво одржување на палтото кое може да се смета за посебен орган или огледало на здравјето на кучето.
Разликата помеѓу шампоните наменети за луѓе и за кучиња
Тенкиот хиполидичен слој кој ја покрива кожата е додатна заштита на кожата на кучето против микроорганизмите. Тој слој помага кожата да остане влажна впивајќи ја водата и не дозволува таа да испари во скоро време. Дехидратацијата на кучето доведува до брза смрт (неколку часа) и е еден од првите ризици на кои треба да внимаваме кога кучето го оставаме само. Потсетуваме дека кучето треба да има пристап до свежа вода во секој момент од денот во еден дел од домот кој е предвиден за него. Расите чија нега е понезависна од човекот (палто со крзно) имаат побогат хиполидичен слој на кожата а пак оние чија нега е нежна и секојдневно зависна од човекот (палто со коса) имаат тенок а понекогаш и непостоечки заштитен слој и затоа негата е поинтензивна и нежна.
Кај човекот, pH вредноста на кожата е некаде околу 5.5 што значи дека средината на нашата кожа е претежно кисела и шампоните и козметиката за луѓе се произведуваат со цел да не ја променат pH вредноста на кожата.
Кај кучињата, одредувањето на средната pH вредност на кожата е посложена бидејќи зависи од повеќе фактори како расата на кучето, климата во која живее, здравствената состојба и одржување … средната pH вредност на кожата на кучето е некаде со вредност околу 6.8 што значи дека таа е многу поблиска до неутралната и алкалната средина од нашата кожа. Ова ниту од далеку не е единствената разлика помеѓу човечката и кучешката кожа. Луѓето на пример имаат потни жлезди поврзани со површината на кожата кои имаат многу важна функција при терморегулацијата на телото што не е случај со кучето како што видовме на почетокот на артиклот. Поради овие и други причини доколку често е нанесуван шампон создаден за луѓе врз кучешката кожа, целосната рамнотежа ќе биде нарушена и ќе се создаде средина идеална за раширување на микроорганизмите. Некои сопственици често ги капат своите кучиња со бебешки или пак силно парфемирани шампони наменети за луѓе кои меѓу другото ја сушат кожата, па кучето ќе се чеша со нокти и заби со што ќе се предизвика оштетување на кожата и ќе се фаворизира размножувањето на микроорганизмите.
Со што можам да го искапам моето куче?
Како и шампоните наменети за луѓе кои се разновидни и специјално дизајнирани за специфичноста на сечија коса и кожа, така потеклото од истите светски познати држави за кучешка козметика е гаранција за квалитет. Франција, Германија и САД се на врвот во козметиката за кучиња и се правиот избор. И кај овие врвни шампони треба да ги издвоите двата света на природни и хемиски шампони. Сериозноста на земјата на потекло и законските обврски, ќе Ви го гарантираат составот на шампонот и неговиот природен квалитет.
Внимателно прочитајте ги етикетите, проверете дали во шампонот нема хемикалии (некои од нив се забранети како канцерогени во човечката козметика), вештачки парфеми, бои, алергени. Природните и органски шампони за кучиња, често содржат хранливи витамини за неговата кожа и екстракти од лековити билки кои помагаат да се сочува квалитетот на кожата. Како и за храната и сите производи за Вашето куче, не дозволувајте да Ве заведе само предната маркетинг етикета со фотографија на која позира убаво куче од неговата раса и внимателно прочитајте го составот на задниот дел на пакувањето.
Шампоните BIOGANCE кои ги користи груминг салонот ТУТУ се од највисок квалитет на светско ниво. Произведени се во Париз со загарантирана органска и природна содржина според сите француски козметички стандарди. Нивниот производствен квалитет не варира според земјата на испорака и на тој начин македонските кучиња добиваат во ТУТУ ист груминг третман како во француски фризерски салон.