Покрај просторијата за шишање и капење, во која постојано се дезинфецираат и чистат работните површини, подот и опремата, салонот располага и со просторија во која ќе се опуштите со топол или освежувачки пијалок кој ќе Ви го подариме. Исто така, салонот има два влеза и една заградена тераса во која безбедно се разигруваме со кучињата и каде можат да се напијат свежа вода пред, после или за време на третманот или пак да се олеснат.
Во груминг салонот ТУТУ Вашето куче нема да доживее стресни моменти и екипата е посветена на неговиот добробит без да употреби агресија, врзување со маски или пак хемикалии.
ТУТУ при своите груминг услуги користи исклучиво органска француска козметика адаптирана на специфичноста на влакното, расата и чувствителноста на кожата на Вашето куче.
Во ТУТУ како и во европските груминг салони, сопствениците на кучињата се добредојдени за време на третманот.