Се прашувате зошто фризерскиот третман на Вашето куче е толку важен ?

Фризерските третмани на салонските раси на кучиња на кои палтото е сочинето од коса се директно поврзани со неговото здравје и расположение.
Доколку груминг салонските услуги и секојдневните хигиенски навики ги сведете на минимум или целосно ги запоставите, Вашиот придружник во рок од неколку седмици ќе биде цел на микроорганизми, непријатни мириси, инфекции на ушите и кожата, а заплеткувањата на крзното постепено ќе бидат поволна подлога за губење на доброто здравје …
Фризерскиот груминг салон ТУТУ како и третманите кои ги нуди е наменет за сите кучиња, вклучувајќи ги и оние со кратко крзно или коса затоа што иако поголемиот дел од дотерувањето е поврзан со косата на кучето, сепак одржувањето на шепите, ноктите, ушите и очите е од суштинско значење за сите кучиња.
Редовно негуваното куче ќе остане убаво, во добро здравје и предиспозиции да живее многу подобро и подолго од запоставеното куче.
Физичкиот изглед на кучето влијае врз неговата психичка состојба и расположение. Многу сопственици на кучиња велат дека повторно го „препознаваат“, физички и карактерно, својот убавко после груминг третман во салонот ТУТУ.

Кучето кое подолг период од предвидениот според расата и палтото (дознај повеќе за временската фреквенција на редовен груминг третман во нашиот ТУТУ артикл Улога и одржување на крзното) немало соодветен груминг треман го влошува карактерот и здравјето. На пример, куче кое има неуредни и долги нокти ќе ја одбие прошетката поради константна болка во прстите и искривување на чекорот, па секое трчање по топчето ќе биде болно искуство за него. Со неправилното чекорење поради неуредни нокти може да се доведе во екстремен случај и до искривување на скелетот. Ноктот на петтиот прст не е никогаш во допир со подот и не се троши со одење па мора да се скрати во груминг салон. Со тоа се избегнува тој да се навитка во форма на школка на полжав или да навлезе со врвот од другата страна на прстот, проблем што потоа се отстранува со интервенција во ветеринарна амбуланта.

Исто така, куче со коса пред очите може да стане недоверливо, дури и исплашено затоа што гледајќи помалку добро, недоволно го согледува тоа што го опкружува и може да се чувствува загрозено и да стане агресивно.
Доколку не го научите Вашето куче да се четка или доколку тоа Ве спречува во намерата, Вие ја губите улогата на водач и кучето успева да доминира над Вас. Куче кое доминира со сопственикот е несреќно куче бидејќи не се снаоѓа добро во човечкиот свет како лидер и е често казнувано за своето однесување.

Од друга страна пак, кучето навикнато на груминг дотерување и на основни секојдневни или чести Ваши гестови како четкање, капење, чистење очи, уши и шепи е многу послушно. Тоа се потчинува на Вашиот авторитет и добро ја познава својата позиција во семејството па со таа е среќно бидејќи успева да ја одржи истата без никаков проблем и за тоа е наградувано.

Откако видовме зошто неговата фризерска нега е толку важна, сега ќе ги разгледаме различните можности кои се нудат на Вас

Фризерски груминг третман во ТУТУ


Фризерот грумер во ТУТУ е професионалец обучен со француска обука во Париз. Тој Ви гарантира квалитетен резултат според физиономијата на Вашето куче, неговиот темперамент но и Вашето секојдневно одржување и очекувања. Тој нанесува исклучиво природна органска француска BIOGANCE козметика, шампони при капењето, серуми за груминг третманот на уши, очи и шепи.
Професионалното груминг дотерување ќе биде побрзо од домот и Вие нема да потрошите енергија при третманот или при постојаното чистење на влакна и друг отпад туку ќе ги споделите само убавите заеднички моменти со Вашата љубов.


Покрај тоа, не сте обврзани да присуствувате на сесијата. Можете да го искористите времето за шопинг во Центар, да завршите некоја обврска, да се грижите за себе или едноставно да уживате во околните дебармаалски кафулиња !

Првиот пат, сепак, се препорачува да останете со своето куче за да му дадете доверба во оваа нова средина и луѓенца кои треба да ги запознае.


Лошата страна на груминг забавата во салон е цената на услугата. Таа зависи од видот на услугата и состојбата на вашето куче. Секогаш е подобро секодневно да го одржувате Вашето куче и да ја олесните работата на фризерот и да ја намалите сметката.


Фризерски груминг третман во домашни услови


Секојдневното груминг одржување преку четкање и редовно капење на влакното почнува и завршува дома. Некои сопственици се одлучуваат целосната нега да ја извршуваат тие самите. Тоа се најчесто професионалци кои имаат изложбени кучиња или пак одгледувачници за една или повеќе раси кои многу добро ги познаваат и целото време го посветуваат на нивното правилно одгледување. Домашното груминг негување на Вашето куче има предност да биде практично.
Но нема потреба да бидете професионалец за да се грижите за целосното одржување на неговото крзно или коса. На тој начин, нема да барате паркинг место околу грчка амбасада, нема да излегувате за работно време, да се снаоѓате за некој да го донесе кутрето во ТУТУ, а и најважно нема веќе закажувања и чекања слободни термини. Исто така домашното средување е предност со тоа што е најекономично решение за кое груминг ТУТУ може да Ве советува низ низа насоки за да ги добиете добрите полу-професионални производи по добра цена и да ги стекнете добрите навики во безбедносна, хигиенска и естетска смисла.
Меѓу другото, ќе имате потреба да се опремите со производи за дотерување: шампон за кучиња и регенератор, неколку основни ножици, клешти за нокти, фен, електрични уреди за стрижење, адаптација на маса или друга површина … сета оваа инвестиција во опрема ќе се рентабилизира во период од три до пет години.
ТУТУ груминг салонот е постојан пример дека хигиената на загадување со 0 влакна на подот и во воздухот е возможна и покрај големиот дневен број на кучиња кои поминуваат низ него. ТУТУ може да Ви обезбеди посебна сеанса на совети за да спречите вашата бања да изгледа како да поминал ураган после капењето и фенирањето, а просторијата за шишање како складиште за волна.
Минусите за оваа домашна опција се изгубеното Ваше драгоцено време и енергија (не го потценувајте времето потребно за чистење кое често трае колку и самиот третман), посебно доколку сте зафатена личност. Секогаш е подобро некој да Ви помогне при третманот. Вашето дете или партнер се идеални кандидати да ги споделат со Вас овие заеднички моменти на смеење и нервози. Предвидете неколку часа пред Вас за комплетно дотерување со чистење во домот… за споредба, овој процес би траел околу час и половина во груминг салонот ТУТУ.
Доколку Вашето куче има итна груминг потреба, ќе треба да научите да не ја одложувате постојано оваа задача која во просек се извршува на секои месец до два месеци. Неопходно е за благосостојбата на вашето кутре. Затоа мора да одвоиме време и енергија во моментот кога тоа е потребно.
Исто така, крајниот резултат не е загарантиран … Доколку естетскиот аспект не е беспрекорен, тоа и не е премногу важно : влакната постојано растат.
Од друга страна, негувајќи го вашето куче дома без основни инструкции, кои можете да ги добиете во груминг салонот ТУТУ, ризикувате да направите грешки што можат да бидат опасни за здравјето на вашето куче.
На пример, неправилното плакнење може да предизвика реакции на кожата или прекраткото намалување на ноктите може да предизвика крварење. Ризикот на шишањето околу очите е повеќе од евидентен посебно кај темпераментни, млади и непредвидливи кучиња. Таа етапа од процесот е квалификувана како ризична и од професионалците кои секојдневно ги извршуваат овие потези.


Решение помеѓу – нега груминг самопослужување


Во груминг салонот ТУТУ, под одредени услови, можете да добиете услуга за самопослужување и да Ви се стави на располагање опремата и производите потребни за самите да го негувате Вашето куче. Главните предности се практичност : сè што ви треба е достапно, а опремата е со професионален квалитет. Економскиот аспект : овој вид на самопослужување е поевтин од традиционалната услуга на професионален третман. Безбедносен аспект : доколку Вашето куче има тенденција да развие агресија кон други лица, но се потчинува единствено на Вашиот авторитет.
Покрај тоа, стручно лице е секогаш присутно и може да Ви даде неколку совети за груминг дотерување на вашето куче. Бидејќи дотерувањето не го спроведува професионалецот, туку Вие, резултатот најчесто ќе биде приближен.


Исто така, ќе биде потребно да се организира патувањето до салонот и резервира терминот, со што се губи предноста на домашното средување. Конечно, како и за домашно дотерување, ќе треба да ослободите доволно време за да се грижите за Вашето куче. Но, не заборавајте дека ова е исто така момент на одлични моменти помеѓу вас!

И сега изборот е ваш!