Еден работен ден во ТУТУ

Фризерскиот салон за кучиња ТУТУ се наоѓа во Центар позади грчката амбасада каде тимот обучен во Париз користи исклучиво природна француска козметика. Шишаме на излог, сопствениците се добредојдени а сите третмани се документирани и снимени со камери.

Целосниот третман почнува од телефонскиот повик на 072 215 271, според правилото секој повик е најважен, тимот останува достапен во секое време љубезно да одговори на побарувањето. Закажувањето на терминот е уредно заведено во виртуелна агенда која може да биде дискретно споделена со клиентот заедно со потсетникот преку социјалната мрежа Фејсбук. Презакажувањето на терминот е возможно до 24ч однапред, инаку третманот ќе биде наплатен при no-show.
Работната површина и опремата се секогаш навреме подготвени за следниот клиент кој никогаш не чека за да биде примен, туку навремено во минута се превзема според закажаното.
Клиентот при пристигнувањето е замолен да влезе во салонот за да кучето стекне доверба во просторот, тимот, опкружувањето, постапката, мирисите, звуците.

Некои клиенти (најчесто сопствениците на возрасни кучиња на редовен третман) заминуваат веднаш по предавањето на кучето. Некои пак (најчесто сопствениците на млади кучиња или оние кои првпат ги користат нашите услуги) одлучуваат да останат за време на целиот третман и се добродојдени. Целосниот третман во просек трае помеѓу еден час и половина до два часа. Тие остануваат во салата за шишање и учествуваат во целиот третман при кој добиваат совети за нега и здравствена превенција како и едукативни демонстрации врз нивното куче од страна на тимот ТУТУ. Разговараме за шампони, употреба на серуми, техника на четкање, избор на коректните четки и алатки според расата и влакното на кучето, исхрана, навики… Во салонот постои и посебна пријатна просторија со своја тераса каде клиентот може да ужива во напиток по свој избор, кој му следува, и на ТВ екран да ја следи целата постапка, но истовремено и да врши телефонски повици или пак работа преку личен компјутер.

Кучето најнапред се става под обсервација на работната хидраулична маса и се набљудува неговата евентуална вознемиреност и се работи на неговото смирување. Истовремено се разговара со сопственикот за карактерните и здравствени специфики на кучето. Потоа, се расчешлува и се проверува отсуството на надворешни паразити и знаци на болест или инфекции. Доколку за време на третманот се откријат знаци на надворешни паразити кои се вектори на многу болести, кучето, опремата и просторијата ќе бидат соодветно третирани со доплата. Доколку сепак, се појави сомнеж за присуство на било каква заразна болест или инфекција, третманот ќе биде прекинат и целосно наплатен со итна препорака да се посети ветеринарен доктор а просторијата, униформите и опремата итно дезинфекцирани и стерилизирани.

Затоа што хигиената, здравјето и безбедноста на Вашето куче ни се приоритет број еден, во ТУТУ не е дозволено присуство на веќе познатите преносители на заразни болести кај салонските кучиња како мачките, глодарите или пак бездомните кучиња. Директниот контакт меѓу две кучиња без присуство на сопствениците е физички оневозможен за да во Ваше отсуство не го изложиме Вашето куче на додатен стрес. Сепак, задната просторија и терасата се терен за игра на салонски кучиња во присуство на своите сопственици.

Доколку надворешната физичка состојба и однесувањето делуваат во ред, се разговара за естетската желба на сопственикот и се пристапува кон првото шишање и хигиенско средување бидејќи влакното стои поинаку кога е масно и некапено.
Потоа, кучето се капе во единствената СПА кадичка во Македонија со природни шампони и по потреба се нанесува кондиционер.
Искапеното куче се суши со минимум два чисти и суви пешкира во кадата. Потоа, се суши со фен и пулверизатор и се четка со расплеткувач на претходно исчистената и дезинфекцирана масичка, додека кадата се чисти и дезинфекцира за следното куче за време на фенирањето на претходното.

Откако кучето целосно е суво и расчешлано, се пристапува кон неговото прецизно шишање бидејќи влакното поинаку стои кога е фенирано и четкано.
Ноктите се сечат по потреба без да се заборават евентуалните предни и задни петти прсти.
Школката на ушите се чисти површно со памук и посебни органски серуми за таа намена а се депилираат внатрешните влакна.
Надворешниот дел од очните капаци и околината на очите се чисти површно со памук и посебни органски серуми за таа намена.
Влакната меѓу перничињата на шепите внимателно се бричат за да се овозможи понатамошно полесно одржување после прошетки.

На крајот од третманот, кучето се дува за да се отстранат исечените влакна, се парфемира со адаптирани природни парфеми доколку сопственикот го сака тоа, и се презентира на сопственикот за евентуална корекција која се прави веднаш.

ТУТУ е занаетчиска фирма која не поседува ПОС терминал и наплатата е исклучиво во готово. Целосниот третман за кучиња до 10кг изнесува 1200 денари за редовни клиенти кои поседуваат ТУТУ картичка и ги користат нашите услуги во период од два месеци, и 1500 денари за нередовни клиенти.

Работната површина и опремата се изложени на суво, следено со влажно чистење со дезинфекција :
⦁ пред третманот, кога кучето е ставено во состојбата во која е донесено
⦁ после капењето на кучето, кога кучето е повторно ставено на површината за сушење и прецизно дообликување
⦁ на крајот од работниот ден, инструментите се стерилизираат во професионален стерилизатор и сите простории и површини се дезинфекцираат и проветруваат.

Во недостаток на протоколи кои ја регулираат дејноста фризерски салон за кучиња, салонот ТУТУ ги имплементира протоколите за ветеринарна амбуланта во поглед на дезинсекцијата и дератизацијата на просториите, а заштитата и превенцијата од Коронавирусот 19 на клиентите и тимот е истотака според македонските протоколи за Јавно Здравје.

Тие што го посетуваат нашиот салон знаат дека екипата ТУТУ е целосно посветена на хигиената и заштитата на Вашето и здравјето на Вашите најмили и тоа е навистина нејзин приоритет број еден. Постојаното инсистирање на имплементацијата на овој протокол го создаде ТУТУ како центарско местенце во кое при влез не наликува дека се работи секојдневно со извесен број на кучиња поради пријатната миризба и чистотата на подот, опремата, декорот. Остануваме отворени за секоја Ваша сугестија која ќе помогне нашиот салон да остане број еден во хигиена и транспарентното средување на кучиња не само во Македонија туку и во регионот, и да влијае врз денешните критериуми и стандарди за салон за кучиња.