Dog Grooming Skopje Туту е првиот македонски фризерски салон за капење и шишање на кучиња во Скопје со француски стандарди.

Првиот и единствен салон во Македонија каде кучињата транспарентно се средуваат на излог во присуство на сопственикот и под видео надзор, каде целата екипа е од ветеринарната професија и обучена за груминг во Париз.

За да резервирате термин за најдобрата вредност квалитет/цена во Скопје за груминг био-капење и grooming à la française на кучиња, слободно јавете се во било кое време на 072 215 271 (Viber, WhatsApp).

Салонот се наоѓа во Центарот на Скопје, веднаш позади грчката амбасада и e единствениот специјализиран груминг салон за кучиња во Центар. Во ТУТУ груминг салон, шишањето и капењето кучиња не се пропратна дејност на ПетШоп или пак ветеринарна амбуланта, туку се примарна и единствена дејност во која сме специјализирани.

Покрај просторијата за шишање и капење, во која постојано се дезинфецираат и чистат работните површини, подот и опремата, салонот располага и со просторија во која ќе се опуштите со топол или освежувачки пијалок кој ќе Ви го подариме. Исто така, салонот има два влеза и една заградена тераса во која безбедно се разигруваме со кучињата и каде можат да се напијат свежа вода пред, после или за време на третманот или пак да се олеснат.

Во груминг салонот ТУТУ Вашето куче нема да доживее стресни моменти и екипата е посветена на неговиот добробит без да употреби агресија, врзување со маски или пак хемикалии. 

ТУТУ при своите груминг услуги користи исклучиво органска француска козметика адаптирана на специфичноста на влакното, расата и чувствителноста на кожата на Вашето куче.

Во ТУТУ како и во европските груминг салони, сопствениците на кучињата се добредојдени за време на третманот.

Вашето мало кутре кое првпат се шиша е секогаш поспокојно и посоработливо со Вашето бесценето присуство : исто како дете кога оди на забар, фобијата од груминг тешко се лечи при трауматично искуство без Вас.

За време на третманот имаме време да разговараме за кучето и правилната употреба на добра опрема за секојдневно одржување (шампони, четки, чешли но и храна, навики …)

Екипата на ТУТУ соработува со салони од Франција и Германија со кои има постојана размена на искуства и специјализирачки теми за доусовршување и примена на иновативни практики во Македонија. Исто така груминг екипата на ТУТУ е посветена на соработката со неколку скопски груминг салони кои истотака приоритетно се посветени на добробитот на кучето при третманот и не користат психолошко, физичко ниту хемиско насилство врз кучињата при третман.

* TUTU Grooming Salon is a Human friendly place